Бугарија ќе ја поправа украинската воена опрема, но нема да достави оружје

од Nikola Popovski
393 прегледи

Бугарија се согласи со низа барања на украинскиот претседател Володимир Зеленски, вклучително и поправка на воена опрема, но нема да му доставува оружје на Киев, одлучија бугарските пратеници во средата.

Парламентот одобри голем број барања на украинскиот претседател, вклучително и извоз на украински житарки преку бугарското црноморско пристаниште Варна, дополнителна хуманитарна помош и поддршка за влез на Украина во Европската унија.

Пакетот помош за Украина беше усвоен со големо мнозинство од 200 гласови „за“, само 16 „против“ и еден воздржан, по компромисот со социјалистите, кои се дел од коалициската влада, но се против давање воена поддршка за Украина поради руската инвазија.

Во близина на Собранието се одржале неколку собири на поборниците и противниците на воената помош за Украина, а демонстрантите повремено се судриле. Судир меѓу неистомислениците имало и во близина на контроверзниот споменик на советската Црвена армија.

Активистите се обиделе да го покријат споменикот со украински и бугарски знамиња, но биле спречени од демонстрантите кои сакаат Бугарија да остане неутрална.

Слични содржини