Бугарија нема да испраќа војници во можниот руско-украински конфликт

од Nikola Popovski
409 прегледи

Ниту еден бугарски војник нема да учествува во конфликт или операција на територијата на Украина или на друга земја без овие одлуки да бидат донесени во оваа сала – Националното собрание, изјави бугарскиот министер за одбрана Стефан Јанев, информирајќи ги пратениците за ставот на нивната земја за руско-украинската тензија.

Јанев смета дека присуството на бродови во Црното Море не носи сериозни конфронтации.

-Во согласност со меѓународното право, овој тип на пловидба е зголемен, призна тој, но појасни: Флотата на друга земја не останува повеќе од 21 ден и не врши вежби, констатира Јанев.

Слични содржини