Бугарија од понеделник се затвора за патниците од неколку европски земји

од Берта Китинска
446 прегледи

Бугарија од 26 јули, се затвора за патниците-странци кои ќе пристигнуваат од Холандија, Малта, Андора и Грузија.

На бугарските државјани кои пристигнуваат од овие земји, како и на лицата со постојано жителство во нив и членовите на нивните семејства, дозволен ќе им биде влез во земјата само со негативен тест за Ковид-19, без разлика дали биле вакцинирани или не, се предвидува во новата наредба на бугарскиот министер за здравство.

Во Црвената зона од минатата недела се и Велика Британија, Шпанија, Кипар и Кувајт.

Слични содржини