Бугарија прогласи руски дипломат за „персона нон грата“

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Бугарското раководство одлучи да прогласи руски дипломат за „персона нон грата“, се вели во соопштението на бугарското Министерство за надворешни работи, издадено по состанокот меѓу руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова и министерката за надворешни работи Екатерина Захариева.

„Министерството за надворешни работи на Република Бугарија ќе прогласи уште еден руски дипломат за „персона нон грата“ и ќе побара од руските власти да им пружат целосна помош на бугарските власти во истрагата за експлозиите во бугарските складишта за оружје, уништување на материјалните докази во пожар и обид за труење на тројца бугарски државјани, со цел виновниците за овие злосторства да се изведат пред лицето на правдата“, се вели во соопштението.

Според Министерството, бугарскиот министер имал значаен и сериозен разговор со рускиот амбасадор во Софија.

„Бугарија сака да одржува еднакви и заемно корисни односи со Русија и во овој поглед инсистира на активна и ефикасна помош на руската страна во разјаснувањето на околностите на инцидентите на нашата територија“, се вели во соопштението на бугарското Министерство.

Претходно, Бугарската национална телевизија, повикувајќи се на обвинителството, соопшти дека шест руски државјани се осомничени за експлозии во фабрики и воени магацини во Бугарија, од кои тројца се обвинети за обид за убиство на бугарскиот бизнисмен Емилијан Гебрев.

Слични содржини