Бугарија протера двајца руски дипломати

од Nikola Popovski
269 прегледи

Министерството за надворешни работи на Бугарија прогласи за персона нон грата двајца руски дипломати, потврдиле од руската амбасада во Софија.

„Да, потврдуваме. Бугарската страна објави дека протерува двајца дипломати од руската амбасада“, изјавил претставникот на руската амбасада. Тој прецизираше дека дипломатите треба да ја напуштат земјата во рок од 48 часа.

Претходно бугарското обвинителство соопшти дека е спроведена истрага при која е утврдено дека руски државјанин кој има дипломатски имунитет вршел нелегална разузнавачка дејност на територијата на Бугарија, неспојлива со дипломатските односи.

Слични содржини