353
Бугарија нема да го обнови договорот за снабдување со природен гас со руски Газпром поради војната во Украина и ќе разгледува алтернативни испораки и идни заеднички договор со Европската унија за да се избегне недостиг од овој енергент, соопштил премиерот на Бугарија, Асен Василјев.
„Во оваа ситуација нема шанси да се разговара со Газпром. Разговаравме со Грција и со Турција да ја искористиме постоечката инфраструктура за да ги зголемиле испораките од Азербејџан. Владата се надева дека заедничкиот механизам на Европската унија за снабдување ќе функционира до крајот на летото, што ќе му овозможи на блокот да преговара за пониски цени“, рекол Василјев за националното радио “БНР”.