Бугарија: Уапсени руски шпиони

од Nikola Popovski
732 прегледи

Лица осомничени за шпионирање во корист на Русија се уапсени во Бугарија за време на операцијата на Државната агенција за национална безбедност (ДАНС), објави „bTV“, повикувајќи се на „свои извори“. Засега немало официјална потврда за операцијата.

Претходно денес, екипа од новинската агенција БГНЕС снимала на излезите од Софија како полицајци застануваат и ги проверуваат сите автомобили на влезот од автопатот Тракија во правец на Пловдив. Министерството за внатрешни работи потврдило за БГНЕС за операцијата, но одбило да даде повеќе детали. Според непотврдени информации, еден од уапсените бил приведен на автопатот Тракија. Полицијата ги проверила и сите автомобили кои влегувале и излегуваа од селото Лозен.

Пребарувани се неколку адреси во јужните окрузи на Софија и во областите во правец на Перник.

Во доцните попладневни часови било концентрирано присуството на полициски екипи во областа Гоце Делчев и Манастирски Ливади-Исток. На булеварот Тодор Каблешков имало и инспекциски екипи помеѓу 16 и 16 часот и 40 минути.

Слични содржини