Бугарија забрани влез на руски бродови во нејзините пристаништа

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Како дел од новиот пакет санкции на ЕУ против Русија, Бугарија забрани влез на бродови под руско знаме во нејзините пристаништа, соопшти денеска поморската управа на нашиот источен сосед.

„На сите бродови регистрирани под руско знаме им е забранет пристап до бугарските морски и речни пристаништа“, се вели во соопштението.

Исклучок ќе бидат само бродовите на кои им е потребна помош и бродовите кои превезуваат енергија, храна и фармацевтски производи во земјите на ЕУ.

Слични содржини