Бугарин од Македонија: Ако влеземе во Уставот ќе имаме право на сите бенефиции

од Nikola Popovski
394 прегледи

Претседателот на Здружението за македонско-бугарско пријателство, Добре Митрев прашува зошто во македонските институции нема некој што е примен на работа како Бугарин.

-Ако Бугарите влезат во Уставот, ќе имаме право на сите бенефиции од македонската држава. Ние немаме ниту еден вработен по квота како националност. Еве на пример нема Бугарин судија, информира Митрев во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Тој додаде дека на пописот се попишал како Бугарин и немал проблеми со тоа, иако имало одредени нерегуларности при целиот процес.

-Попишувачите ги прашувале граѓаните кои сакаат да се декларираат како Бугари, дали имаат државјанство или бугарски пасоши. Дали пасошот е доказ за да се попишете како сакате? Има поплаки и поднесени се до ДЗС, но се уште нема реакција. Ќе ги видиме резултатите, ќе покаже времето, рече Митрев, додавајќи дека пописот бил фарса и смета дека резултатите од него нема да бидат релевантни.

Слични содржини