Ако нашата страна од Мешовитата историска комисија не се согласи со некое од бугарските барања, ќе нема решение. Хипотетички е дали ќе има блокада тогаш од Бугарија. Сега не блокира без никаква рамка и никакви документи. Тука е шпекулацијата. Да влезеше во патоказите, одредениците за отворање и затворање на поглавја, како што бараше Бугарија цел период, тогаш да. Сега, единствено што вели францускиот предлог дека Европската комисија усно ќе информира до каде се добрососедските односи. Договорот за добрососедство не спомнува Протокол, ја појаснува содржината на францускиот предлог министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Османи потенцира дека документот е комромис кој што не ги става историските прашања во одредниците за отворање и затворање на поглавја и не дава ништо повеќе на Бугарија отколку што даваа сите претходни предлози.
-Ако има препорака за учебник, двете влади треба да ги имплемнтираат тие препораки. Тоа е Договорот од 2017 и е на база на реципроцитет на Комисијата. Секогаш ќе има во Бугарија можност, и без или со рамка, да го кочи процесот. Овој не е бирократски процес, рече шефот на македонската дипломатија и додаде:
-Овој предлог е на 27 земји-членки. Ако се помести од една линија, ќе има реакции од другата страна. Бугарите не се задоволни затоа што треба да признаат македонски јазик како официјален во ЕУ, не се задоволни што нема поглавје, што нема одредници. Единствено што добија со францускиот предлог е отворање на македонскиот Устав.