Бугарите повторно со провокации ја чествуваа Мара Бунева во Скопје

од Nikola Popovski
538 прегледи

И оваа година претставници на бугарската заедница во Македонија ја одбележаа годишнината од смртта на Мара Бунева. Бугарската фондација „Македонија“ на својот Фејбук профил објави дека „се горди на 40-тината Бугари што дошле во чест на Мара Бунева за време на антибугарскиот режим во Скопје“.

Тие положија свежо цвеќе на нејзината спомен плоча на кејот на реката Вардар, а по традиција се одржа панихида во црквата Св. Димитар“ во центарот на Скопје, каде што на 13.01.1928 година, Бунева го застрела српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ. Веднаш по атентатот, Бунева самата се застрелала, а на повредите им подлегнала ден подоцна, на 14 јануари.

Се огласи и претседателот на Фондацијата, Виктор Стојанов, кој одреден период имаше забрана за влез во земјава.

-Притисокот врз Бугарите во Македонија е огромен, а сепак гледате десетици Бугари од Македонија излегоа да ѝ оддадат чест на Мара Бунева. Не се гасне тоа што не можете да го изгаснете, кратко напишал Стојанов на социјалните мрежи.

Според објавените слики, на настанот присуствувале не повеќе од 20 лица, кои носеле транспарент „Македонија на Македонците“, испишан на бугарски јазик.

За разлика од минатогодишниот собир на кејот на Вардар, оваа година не присуствуваше бугарскиот европратеник од партијата ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, кој често упатува националистички пораки кон Македонија.

Спомен-плочата и воопшто ликот на делото на Бунева различно се гледа во Македонија. Еден дел македонските граѓани и историчари сметаат дека Бунева како член на ВМРО на Иван „Ванчо“ Михајлов се борела за бугарската кауза и оттука нивните чувства кон спомен-плочата и случувањата околу неа се негативни и ги чувствуваат како националистички провокации од разни пробугарски и бугарски националистички друштва и партии.

Атентатот што го извршила Мара Бунева врз Прелиќ му претходел голем судски процес на 20 македонски студенти во Скопје, кој побудил големо интересирање кај европската јавност. Студентите биле членови на Македонската младинска тајна револуционерна организација, основана во 1923 година во Виена. Таа имала своја мрежа во Берлин, Грац, Лајпциг, Прага и Париз каде што студирале Македонски студенти. Истовремено, свои јадра создала и во Македонија – во Скопје, Штип, Велес, Прилеп, Битола, Крушево, Ресен, Крива Паланка, Куманово, Кратово, Берово, Струмица, Тетово, Радовиш и Неготино.

Слични содржини