Бугарски автобус се урна во источна Унгарија

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Бугарски автобус на автопатот М5 во близина на градот Сегед во источна Унгарија ноќеска,  излетал од патот пренесоа светските медиуми.

Четворица од патниците се повредени и хоспитализирани.

До изутрината не се пријавени жртви. Инцидентот се случил околу 02:00 часот по локално време по полноќ.

Според полицијата возачот на возилото изгубил контрола над управувањето и с еурнал во шанец. Властите ги испитуваат причините за несреќата