Бугарски дипломати: Македонскиот јазик станува официјален за ЕУ, Генчовска прикрива гафови

од Nikola Popovski
352 прегледи

Македонскиот јазик станува официјален за ЕУ, а Скопје добива преведувачи од и на македонски јазик, документи, текстови и патокази благодарение на владата на Кирил Петков и неславниот „француски предлог“ што бугарскиот Парламент официјално го усвои на 26 јуни, пишува бугарски „Труд“ за коментарите од бугарските дипломати од кариера во врска со Декларацијата за македонскиот јазик од бугарското МНР.

Македонскиот јазик ќе биде официјален за целата Европска унија, а Бугарија премолчено попушта со тоа што еднострано изјавува дека ја одржуваме нашата јазична политика во билатералните односи“, изјавиле за „Труд“ високи претставници на бугарското МНР, објаснувајќи ја функцијата на едностраната Декларација.

„Тоа е како во поговорката „По дожд-качулка“, македонскиот јазик е официјален, а тоа што Бугарија ќе стави ѕвездички под линијата во документите е за смирување на расположението кај нас. МНР повторно прикрива гафови среде ноќ“, изјавиле дипломатите за „Труд“.

На најавениот почеток на преговорите му претходеше официјално соопштение објавено неколку часа претходно од Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, во кое се цитира официјалниот став на Софија дека: „Секое повикување на официјалниот јазик на Република Северна Македонија во официјална /неофицијалните документи/позиции/изјави и други на ЕУ и нејзините институции, тела, служби и агенции треба да се сфатат строго во согласност со Уставот на оваа земја и во никој случај не треба да се толкуваат како признавање од страна на Република Бугарија на „македонскиот јазик“.

„Не би било преседан да има кипарски јазик, но како што знаеме, Кипар го користи грчкиот јазик во Брисел“, потсетиле поранешни европратеници на сличен случај и посебно посочиле дека по пристапувањето, секоја земја-членка го одредува јазикот или јазиците што сака да бидат објавени како официјални јазици на ЕУ, додава бугарски „Труд“ во својот текст.

Слични содржини