Бугарски Дневник: Македонскиот претседател ги запре проверките против политичарите осомничени за прислушување

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов денесска ги запре законските процедури против политичарите осомничени за вмешаност во скандалот со прислушувањето, со што предизвика остри реакции од опозицијата во земјата и од Европската комисија, пренесува “Ројтерс”. Шефот на државата изјави дека одлучил да даде општа амнестија за сите кои се осомничени за вмешаност во скандалот со прислушувањето.

zx450y250_2741316

Македонската опозиција минатата година објави повеќе прислушивања направени од сојузници на тогашниот премиер Никола Груевски, кои ја открија владина контрола над новинари и судии, манипулаците на изборите и други злоупотреби.

Загрижен за демократијата во земјата, која е кандидат за членство во ЕУ, Брисел организира преговори меѓу главните партии во Македонија, кои доведоа до договор според кој беше назначен специјален обвинител кој ги истражуваше откритијата, а Груевски се согласи да има предвремени избори, кои сега се очекува да се одржат во јуни.

Специјалниот обвинител започна кривична истрага во февруари против двајца поранешни министри под сомнение за заплашување на гласачи. Македонскиот претседател денеска изјави дека кризата сериозно и штети на Македонија.

“Политиката се претвори во тоа кој ќе започне повеќе криминални истраги или ќе поднесе кривични пријави против другиот. Работите толку се сплеткаа така што дека никој не може да ги разјасни”, рече претседателот.

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев денеска го повика претседателот да поднесе оставка и рече дека неговата одлука да престанат истрагите, е еднакво на “удар”. “Ние ќе ги искористиме сите инструменти со кои располагаме, за да го спречиме тоа”, изјави Заев пред новинарите, додавајќи дека ќе упати повик за протест против одлуката.

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан исто го критикува Иванов. “Денешните активности на претседателот не одговараат на моето разбирање за владеење на правото”, рече тој на Твитер.

Хан додава дека при овој развој на настаните има сериозни сомнежи дали се уште се можни праведни избори во Македонија. Според него последните активности на македонското раководство ги загрозиле изгледите на поранешната југословенска република за приближување кон ЕУ и НАТО.