Бугарски крузер удри во бетонски ѕид на Дунав, 17 лица се повредени

од Vladimir Zorba
152 прегледи

Седумнаесет лица се повредени кога бугарски брод за крстарење во текот на ноќта удрил во бетонски ѕид на реката Дунав во градот Ашах, на северот на Австрија, соопшти денеска локалната полиција.

Околу 160 патници се наоѓале на бродот кој патувал од Баварија, Германија за австрискиот град Линц, кога удрил во бетонски ѕид во зоната за заклучување, изјави портпаролот на полицијата во блискиот град Ефердинг, пренесува АПА.

За несреќата на Дунав синоќа во 22 часот била алармирана итната помош, а на терен биле голем број спасувачи и полиција.

Слични содржини