Лидерот на бугарската вонпарламентарна партија „Атака“, Волен Сидеров, смета дека авионот МиГ-29 што се урна вчера за време на вежбите во Црното Море, можеби бил соборен.
„Би сакал да кажам неколку зборови за мислењето на партијата „Атака“за бугарскиот ловец МиГ-29 кој беше соборен или паднат – тоа сè уште не е познато, во Црното Море на воените вежби на НАТО“, рече Сидоров .
Тој потсети дека неодамна за време на воените вежби се случил и инцидент со учество на американски војници кои случајно упаднале во фабрика за нафта во селото Чешнегирово.
„Во врска со ова, вчера ја испративме нашата позиција до сите медиуми, а тоа е дека сите воени вежби на НАТО на нашата територија треба веднаш да бидат запрени, а американските бази да се затворат (има предвид заедничката база на НАТО во Бугарија), рече лидерот на партијата.
„Атака“ иницира собирање потписи за референдум на кој ќе им предложи на Бугарите да гласаат за продолжување на членството во НАТО или за повлекување од Алијансата.
Сидеров вчера изјави дека е можно авионот да бил соборен од војници на НАТО.
„Дали се сигурни информациите од воените кругови дека соборениот авион бил користен како мета на силите на НАТО?“, напиша вчера Сидеров.
Да потсетиме, засега нема официјална верзија за причините за падот на авионот. Според бугарскиот министер за одбрана Георги Панајотов, авионот и оружјето биле во ред.
Бугарскиот МиГ-29 се урна на 9 јуни над Црното Море за време на вежбата „Шабла 2021“.