Постапките на претседателот на Бугарија, Румен Радев станаа срамни, тој е срам за земјата, рече пратеникот на владејачката партија ГЕРБ, Стојан Гирневски, за време на собраниската седница.
Гирневски потсети дека Радев зборувал остро за владата за време на големите протести против корупцијата, додека истовремено неговиот соработник бил обвинет за злоупотреба.
Според зборовите на пратеникот, претседателот минатата зима ја направил земјата предмет на потсмев кога отпатувла во Естонија на состанок на иницијативата „Три мориња“, знаејќи дека стапил во контакт со лице заразено со коронавирус.
„Земјата домаќин заслужено ве протера како куче скитник од земјата каде што го ризикувавте нејзиното раководство и нејзините граѓани и вашата делегација. Господине Радев, вие сте срамота за нашата земја, а во исто време ја презедовте контролата над Бугарија, која само по комунистичката кома се вразуми. Како луѓе со поголемо искуство во политиката, ве покануваме да се помирите со тоа и да го повлечете вашето барање за втор мандат на достоинствен начин“, рече Гирневски.
Како одговор, претседателот на парламентарната група на Бугарската социјалистичка партија, Крум Зарков, изјавил дека пратениците на партијата неколку пати ги искривувале фактите.
„Изборите (претседателските) ќе се одржат наскоро и луѓето ќе го кажат своето мислење – без разлика дали сакаат политичари како Румен Радев или Стојан Гирневски“, рече Зарков.
Претходно, Радев објави дека има намера повторно да учествува на претседателските избори, кои ќе се одржат на есен.