Бугарскиот активист Виктор Стојанов повторно му се заканува на Васил Стерјовски

од Milan1
91 прегледи

Претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, повторно му се закани на претседателот Македонска алијанса за европска интеграцијата, МАЕИ, Васил Стерјовски, поради изјавите дека во Албанија нема Бугари.

-Македонскиот политичар во Албанија, Васил Стерјовски набрзо ќе биде клиент на Обвинителството во Тирана. Причина: Сее омраза во албанското општество, тврди дека во Албанија нема Бугари и така го попречува правото на национално самоопределување, објави тој на својот Фејсбук профил.

Стојанов и претходно му се закануваше на Стерјовски, при што во објавата, пред објавување на резултатите од пописот, му порачува „да не бидат Бугарите побројни“.

Стојанов, навредувајќи го Стерјовски, рече дека ќе одговара пред судот и полицијата за изјавите во медиумите дека „нема Бугари во Албанија“.

Според МАЕИ, во видео објава на денот на објавувањето на резултатите на пописот на 28 јуни, Виктор Стојанов вели: „Северна Македонија, официјално како држава, како и политичари на Северна Македонија, северномакедонски политичари, долго време во медиумите користеа говор на омраза кон бугарската нација и народ, кон бугарската држава и го негираа правото на етничкото самоопределување на Бугарите во Албанија кога изјавуваа дека во Албанија нема Бугари и оти бугарската држава давала пасоши или ги продавала. На прво место највиновен е Васил Стерјовски кој е жител на Република Албанија. Тој е Македонец по самоопределување, ние го признаваме тоа негово право и е македонски политичар во Албанија. Тој човек сега ќе биде даден во обвинителството во Тирана затоа што документирано во средствата за масовно информирање тој има десетици изјави каде кажува дека во Албанија нема Бугари, кажува во видео објавата Стојанов.

Слични содржини