283
Повеќе отстапки нема никаде да праваиме, изјави бугарскиот премиер и министер за надворешни работи Димитар Главчев во врска со изборните резултати во Република Северна Македонија, објави БТА.
-Да почекаме да видиме каква влада ќе се формира. Се надевам дека ќе ја продолжат својата европска перспектива. Ставот што го имаме е паневропски став, на нашите пријатели од Република Северна Македонија им е јасно дека доколку не ги исполнат условите за членство во ЕУ нема да функционира, рече техничкиот премиер Главчев