Бугарските угостители протестираа со музика и танц во центарот на Софија, заменик министер им покажа среден прст (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
268 прегледи

Стотици сопственици на ресторани и клубови, како и келнери и шанкери, протестираа денеска во центарот на Софија против одлуката угостителските објекти да бидат затворени, додека се ублажени други мерки против коронавирусот.

Околу 1.500 луѓе удрија со тенџериња пред зградата на Владата и го замолија премиерот Бојко Борисов да ја преиспита одлуката за затворање на локалите со цел да им овозможи да прават деловни активности и да им ги исплати заостанатите обврски.

Бугарија одлучи во февруари повторно да ги отвори средните училишта, трговските центри и спортски сали, но да ги држи затворени рестораните и кафулињата за уште еден месец.

Додека траеше протестот пред зградата на Владата , заменик министерот за економија, Валери Симеонов им покажа среден прст на угостителите.

https://www.youtube.com/watch?v=lYwO3lKAhOE&feature=emb_title

За да им помогне на угостителите, загрозени поради пандемијата, владата во Софија им дозволи на рестораните да вршат достава. Кон крајот на декември, дозволено им е на рестораните да работат со 50 отсто капацитет.

„Постепеното ублажување на забраните и во склад со бројто на заболени. Тоа го објаснивме и ги слушнавме барањата на демонстрантите и затоа направивме разни програми за помош“, истакна Борисов.