Бугарско МНР: Сакајќи или не сакајќи, Мицкоски промовира манипулативни и лажни тези

од Milan1
143 прегледи

„Потсетуваме дека Европскиот консензус од 2022 година, одобрен од сите земји-членки на Евроспката Унија и Скопје останува валиден патоказ за напредокот на соседната земја во нејзиниот пристапен процес. Зачудувачки е што обврските преземени од Република Северна Македонија, од страна на нејзиниот премиер се доживуваат како мешање во нејзините внатрешни работи“, реагираат од бугарското Министерство за надворешни работи, на, како што наведуваат, „последователните изјави на премиерот Христијан Мицкоски кои се однесуваат на тоа дали вметнувањето на Бугарите во Уставот ќе биде единствено билатерално прашање на нашиот пат кон ЕУ“.

„Неговите изјави ги сметаме за уште еден обид да се заобиколат преземените обврски и да се сврти вниманието на јавноста од недостатокот на реформи. На тој начин, сакајќи или не сакајќи, Мицкоски промовира манипулативни и лажни тези, кои би можеле да се сметаат за вистинско мешање во внатрешните работи на Република Бугарија“, се вели во рекацијата на Бугарското министерство за надворешни работи, а пренесува „БГНЕС“.

„Се сеќавам кога високи претставници на ЕУ, придружувани од високи претставници на други земји во светот, седеа пред мене и ми велеа – името е последната работа што треба да го направите. Нормално ние и тогаш бевме против, но и тогаш им велев дека не ја говорат вистината и дека не е последната работа. Треба да видиме дела, а дела според мене претставуваат признавање на пресудите од Судот за човекови права во Стразбур за македонската заедница во Бугарија. Јасно и недвосмислено признавање на многувековниот македонски идентитет и јасно и недвосмислено признавање на многувековната македонска култура, традиција, обичаи, и јасно и недвосмислено признавање на македонскиот јазик кој е официјален јазик во ОН од 1945.Мораме да ги почитуваме принципите, во спротивно имаме сериозен проблем“

Ова го кажа премиерот Христијан Мицкоски како одговор на новинарско прашање околу тоа какво е расположението во ЕУ за потпишување изјава од страна на Европскиот совет, Европската комисија или од бугарска страна, во која ќе се наведе дека вметнувањето на Бугарите во Уставот ќе биде единствено билатерално прашање на нашиот пат кон ЕУ.

Слични содржини