Бугарското собрание го избра Петков за нов премиер

од Nikola Popovski
195 прегледи

Бугарското собрание го избра за премиер Кирил Петков, лидер на „Продолжуваме со промената“. Од вкупно 238 пратеници, за изборот на Петков гласале 134 пратеници, објави БГНЕС.

-Мора да работиме заедно ако сакаме подобра иднина за Бугарија, изјавил Петков пред присутните пратеници.

За Петков и неговиот кабинет гласаа пратеницитеод Продолжуваме со промената, Бугарската социјалистичка партија, Има таков народ и Демократска Бугарија, односно од четирите партии кои кон крајот на минатата недела потпишаа коалициски договор. Пратеничките групи на ГЕРБ, ДПС и Вазраждане гласаа против.

Притоа, Петков ги претстави и главните приоритети на новиот владин кабинет.

-Поскапувањето на струјата за домаќинствата од 1 јануари треба да се избегне. Новата стратегија во областа на енергетиката треба да бидат ниските цени и диверзификацијата. Мора да се бориме со ковид-кризата, не смееме да чекаме следниот сој да ја погоди економијата. Треба да се вакцинираме. Ова е единствениот пат напред доколку не сакаме да си ги затвориме децата дома и да не ги полниме болниците, нагласи Петков.

Фото: БГНЕС

Слични содржини