Bugatti го претстави вториот од само трите специјални модели на Chrion Pur Sport Grand Prix, кој беше создаден во програмата Sur Mesure.
Првиот од трите специјални модели Chiron Pur Sport беше претставен во декември 2021 година, комбинирајќи елементи од сина, црвена и сјајна црна боја.
Сепак, овој автомобил е конфигуриран за клиент кој го нарачал од Bugatti Сингапур и е претежно обоен во бела боја, додека е украсен со детали за Grand Prix Red.
Овие црвени елементи се најзабележливи на предните браници на францускиот хиперавтомобил бидејќи тркачките линии се составени од десетици мали логоа на Bugatti. Црвената боја се одликува и со рачно насликаниот број „32“ на вратата, со кој се оддава почит на моделот Bugatti Type 51, кој победи на Француското ГП во 1931 година кога го возеле Луј Широн и Ахил Варзи. Задното крило го носи и црвениот Bugatti натпис.
Надворешноста на автомобилот е уште поспецијална со карбонски елементи без дополнителна боја, како и црвени карбонски капаци на моторот и задното крило.
Bugatti не објави фотографии од внатрешноста, но може да се види дека изгледа како онаа во Chiron Pur Sport Grand Prix 2021 година со комбинација од црна кожа, црна Алкантара и разни црвени елементи, вклучително и безбедносни појаси.
Нема механички промени во однос на „стандардниот“ Chiron Pur Sport, останува уште 8,0-литарски quad-turbo W16 мотор кој развива 1.479 КС и 1.599 Nm вртежен момент. Со одредени модификации, инженерите го олеснија автомобилот за 50 килограми, но го опремија и со поцврста суспензија. Уникатните поставки на менувачот дополнително го подобрија забрзувањето.