Bugatti гради нова зграда

од Vladimir Zorba
370 прегледи

Релативно неодамна Bugatti беше пред затворање, а потоа дојде здружувањето со Rimac и одлуката за продолжување на бизнисот. Пристигнаа Mistral и тркачкиот Bolide, кои исто така ќе ја завршат ерата на Chiron. Зборуваме за 99 Mistral и 40 Bolide, а потоа ќе дојдат големи промени.

За да им излезе во пресрет, Bugatti донесе одлука да го прошири своето седиште во Молсхајм. Во изградба е нова двокатна зграда со површина од 2.120 метри квадратни и ќе биде завршена до крајот на следната година. Таа ќе послужи како поддршка за пристигнувањето на нови модели „по ерата на Chiron“, пренесе Index.

А кога станува збор за новитетите, Bugatti најавува „автомобили кои ги дефинираат перформансите“, но не навлегува во детали. Со оглед на тоа што планираат да ја зголемат работната сила за дури 50 проценти, веројатно ќе се очекува понатамошен раст на популарноста и веројатно проширување на опсегот. Единственото нешто што дефинитивно ќе се намали е моторот, бидејќи 8.0 W16 оди во историјата и ќе биде заменет со хибриден погон.

Мате Римац напомена дека ќе има „тотално луд“ мотор со внатрешно согорување и додаде дека сите ќе бидеме „воодушевени“. Развојот на моторот започна пред две години, пред двете компании да го потпишат договорот.

Што се однесува до самиот автомобил, Rimac напомена дека нема да дели никакви делови со Chiron бидејќи се ќе биде целосно ново.

Слични содржини