Градоначалникот на Охрид Пецаков најави дека ќе ја тужи д-р Ирена Бухова откако реагираше зошто тој како ковид позитивен излегол на Водици меѓу луѓе додека чекал резултати од ковид тестирање.
-Законот за заштита од заразни болести пропишува дека лице кое оди да се тестира на присуство на ковид задолжително до добивање на резултатот треба да биде изолирано дома.Член 28 во Закон за заштита на население од заразни болести ја толкува уредбата која веќе сите медиуми ја пренесоа,вели д-р Бухова во изјава во Утрински Брифинг.
Пецаков ќе ги тужи Бухова и ДСЗИ за клевета
-Не сум прекршил ниту еден проткол, ниту свесно сум предизвикал опасност за граѓаните на Македонија. Вие и оној политички менаџмент во ДСЗИ ќе се соочите со кривична пријава за клевети и несовесно работење и ИЗНЕСУВАЊЕ НА ЗАШТИТЕНИ(ЗДРАВСТВЕНИ) ПОДАТОЦИ ВО ЈАВНОСТ преку вашите политички портали. Воедно ве повикувам наместо да се занимавате со мене и со охриѓани да посветите внимание на колапсот во здравството и непособноста да се справите со пандемијата. Вашите грешки чинат животи, а неспособноста на власта Охрид го чини катастрофални резултати во туризмот, вели Пецаков.