Со оглед на предвидените инспекциски надзори на болниците, истите како што информираат од ДСЗИ се речиси завршени.
Во Битола заврши за 24 часа, во Штип за 48 часа од аспект на постапка. Притоа, во тек се девет нови вонредни инспекциски надзори. Тоа е процес кој е во динамика, како ние ги завршуваме, така иницираме вонредни стручни надзори, информираше на денешниот прес, директорката на ДСЗИ, Иринка Бухова – Сотирова.
Бухова – Сотирова спомена дека ДСЗИ спроведува вонредни инспекцикси надзори за сите помлади пациенти кои за жал ја загубија битката со вирусот.
„Тоа е динамичен процес. Инспекциските надзори кои веќе се завршени, во истиот момент се иницира вонреден стручен надзор, кој го иницираме до МЗ. И кога ќе биде завршен, или МЗ или ДСЗИ ќе ја информира јавноста“, посочи Бухова – Сотирова.
Што се однесува до инспекцискиот надзор во Клиничката болница во Битола, Бухова – Сотирова појасни дека ДСЗИ со решение ја задолжила директорката на болницата во Битола да обезбеди соодветна просторија т.н. морга која ќе одговара на новонастанатите услови.
По Законот за погребални услуги, кој е во ингеренции на Министерството за транспорт и врски, постапуваат други институции, потенцираше Бухова- Сотирова.