Buick официјално го претстави новиот модел Envista за кинескиот пазар, кој е многу сличен на електричниот концепт Electra-X кој беше прикажан на почетокот на оваа година.
Envista е придвижуван од 1,5-литарски турбо бензински мотор со 135 kW/184 КС (спарен со CVT менувач), кој забрзува од 0 до 100 km/h за 7,9 секунди.
Што се однесува до останатото, информациите велат дека максималната тежина е 1415-1435 кг.
Envista има и 18-инчни алуминиумски тркала и елегантен заден дел со тенки задни светла.
Во однос на димензиите, ова кросовер купе е долго 4638 mm, широко 1816 mm и високо 1565 mm, со меѓуоскино растојание од 2700 mm.
Дел од опремата вклучува дигитална табла од 10,25 инчи, инфозабавен систем од 10,25 инчи, систем за камера од 360 степени, кожни и хромирани детали во внатрешноста…
Верзијата Envista GS исто така добива црна предна решетка, сјајно црни ретровизори, црни 18-инчни алуминиумски тркала и црвени клешти на сопирачките.
Envista во Кина започнува по цена од 150.000 јуани (околу 21.900 евра).