Во 2021 година, General Motors го обнови и значително го прошири својот дизајнерски центар во Шангај (GM China Advanced Design Center) и ангажираше многу млади кинески експерти да работат таму.
Buick Proxima е нов концепт направен во овој центар и покажува какви ќе бидат новитетите на кинеските GM во следните 5 до 10 години.
Амблемите на Buick на концептот не значат дека Proxima ќе биде објавена под овој бренд, туку GM само сакаше да го искористи овој концепт за да демонстрира нов пристап кон развојот и да ја измери реакцијата на кинеската публика.
Proxima е дизајнирана како електричен седан, па има долго меѓуоскино растојание и прилично кратка хауба.
Се издвојуваат големите врати во „галеб“ стил, како и внатрешноста без кожа, рециклираните материјали и материјалите од растителна основа.
Во кратката вест нема технички спецификации.