Британските букмејкери платија рекордна сума од 1 милион фунти (1,5 милиони. долари) на играчите, кои успеале да го погодат името на новата британска принцеза.
Според статистикатата името Шарлот било неприкосновен фаворит меѓу навивачите на обложувањето. Другите две најпопуларни имиња за девојчиња биле Алис и Оливија. На денот на раѓањето на девојчето, влоговите за Шарлот значително се зголемиле. Коефициентот бил намален до 3: 1 за разлика од 25: 1 во денот, кога Кејт објави дека е бремена.
“Сепак, ние самоуверено кажуваме дека букмејкерите имаат изгубено огромна сума”, објаснија експертите.
Денес принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт најавија дека името на малата принцеза е Шарлот Елизабет Дајана. Бебето е именувано по дедо ѝ Чарлс, прабаба си, кралицата Елизабета и баба ѝ Дијана, која почина во сообраќајна несреќа. Нејзината кралска Екселенција ќе биде четврта по ред за наследување на тронот по принцот Чарлс, татко Вилијам и нејзиниот брат Џорџ.