Целосната забрана за увоз на руска енергија може да ја турне германската економија во рецесија, предупреди Бундесбанката, нагласувајќи дека ќе биде особено тешко да се најде замена за рускиот гас.
„Во сценарио кое ја интензивира кризата, реалниот бруто-домашен производ би паднал за нешто помалку од два отсто во споредба со 2021 година“, соопшти германската централна банка во редовниот месечен извештај.
Особено би било тешко да се најде замена за гасот, што би довело до прекини во снабдувањето, пренесува Хина.