Бундестагот повторно го отфрли предлогот за испорака на „тауруси“ на Украина

Од 690 пратеници присутни на гласањето, 190 го поддржаа предлогот, 495 гласаа „против“, а 5 беа воздржани.

од Бети Божиноска
200 прегледи

Бундестагот денеска повторно гласаше против предлогот за испорака на крстосувачки ракети „таурус“ во Украина, пишува „Шпигел“.

Мнозинството германски парламентарци гласаа против предлогот на „Унијата“ составена од Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на Германија и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) од Баварија.

Од 690 пратеници присутни на гласањето, 190 го поддржаа предлогот, 495 гласаа „против“, а 5 беа воздржани. Во пратеничката група на „Унијата“ има 197 пратеници.

Иако „семафор коалицијата“ има голем број поддржувачи на идејата за испраќање „тауруси“ во Украина, коалицијата сепак го поддржа ставот на канцеларот Олаф Шолц, кој цело време ја отфрла можноста за испорака на овие крстосувачки ракети.

За потсетување, „Унијата“ во јануари му предложи на германскиот парламент „таурусите“ да му бидат доставени на Киев, но и тогаш „семафор-коалицијата“ го одби овој предлог.

Затоа, беше речиси невозможно предлогот да биде усвоен уште во последниот обид, бидејќи водечките политичари на „зелените“ и на ФДП, и покрај својата номинална поддршка за испорака на крстосувачки ракети, нагласија дека ќе го почитуваатставот на целата коалиција.

Слични содржини