Бургер Кинг сè уште работи во Русија

од Stefanija Kuzmanovska
218 прегледи

Burger King сè уште е отворен во Русија и покрај тоа што сопственикот на франшизата вети дека ќе го напушти тој пазар пред повеќе од една година.

Restaurant Brands International (RBI), кој поседува 15 отсто од франшизите за брза храна во Русија, рече дека во моментов немаат нови информации за нивното излегување од рускиот пазар.

Во март минатата година компанијата објави дека го започнала процесот на напуштање на Русија.

RBI, една од најголемите светски компании за ресторани за брза храна, го наведе својот комплициран договор за франшизата како причина за тешкотиите во обидот за излез од земјата. Тие рекоа дека во овој бизнис имаат три партнери за околу 800 ресторани.

Дејвид Шир, претседател на RBI, изјави дека главниот оператор на Burger King во Русија одбил да ги затвори своите продажни места по првите напади на Украина. Но, тој додаде дека компанијата го започнала процесот на решавање на сопствениот удел од 15 отсто и дека ќе потрае некое време.

Додека Burger King сè уште работи во Русија, неговиот најголем ривал McDonald’s, кој беше корпоративен сопственик на повеќето ресторани, успеа да ја напушти земјата.

Слични содржини