Буркина Фасо: Милитанти ослободија околу 60 затвореници во текот на ноќта

од Stefanija Kuzmanovska
304 прегледи

Милитантите ослободија околу 60 затвореници во текот на ноќта за време на напад врз затвор во северозападниот дел на Буркина Фасо. Тие претресувале канцеларии и запалиле возила пред да побегнат, изјавија денеска два неименувани безбедносни извори.

Според нив, вооружени луѓе влегле во градот Ноуна околу полноќ со мотори и мотоцикли, мавтајќи со калашникови и тешки митралези, пренесува „Ројтерс“.

Милитантите ослободија околу 60 мажи, а никој не беше убиен за време на нападот на градскиот затвор, но беше ранет еден доброволец на милицијата.

Слични содржини