Бурно на седницата на Претседателството на СНС: Јоскимовиќ го одби понуденото министерство

од Vladimir Zorba

На седницата на Претседателството на Српската напредна странка (СНС) се разговара за тоа кој ќе го преземе Министерството за информации и телекомуникации.

Според извори на Нова.рс, на актуелната министерка за евроинтеграции, Јадранка Јоксимовиќ и било понудено да го преземе ова министерство, но таа одбила.

Седницата на Претседателството на Српската напредна странка почнала утрово во 9 часот, а како што дознава медиумот, во еден момент се разговарало за тоа кој ќе го преземе Министерството за информации и телекомуникации.

„Не и се допадна идејата да го преземе тоа министерство. Нејзината реакција беше доста бурна“, наведуваат нивните соговорници.

Јадранка Јоксимовиќ веќе осум години ја извршуваше функцијата министер за евроинтеграции, а по изборите во април се зборуваше дека е неизвесно дали ќе остане на истата функција.

Јоксимовиќ најчесто се споменуваше како иден министер задолжен за заштита на животната средина, но на лидерот на СНС, Александар Вучиќ му се чинеше дека таа сепак ќе биде најдоброто решение за министерството за информации и телекомуникации.

Денеска ќе се одржат Претседателството и Главниот комитет на Српската напредна странка (СНС), по што ќе се одлучува кои ќе бидат новите министри во Владата на Србија. Претседателството на СНС започна во 9:00 часот, а претседателот на Србија и СНС, Александар Вучиќ најави дека до два-три попладне ќе ги имаме сите конкретни информации за новите министри, а според досегашните најави, се планира голема „чистка“ бидејќи 25 проценти ќе бидат нови лица во Владата.

Седницата на Главниот одбор на СНС ќе започне во 11 часот, но ќе биде затворена за јавноста, поради што граѓаните ќе дознаат кои се новите (или старите) министри во владата по состаноците.

Слични содржини