Бушар ќе стане модел по тенисот

од Vladimir Zorba
243 прегледи

Канадскиот секс симбол на женскиот тенис Eужени Бушар не исклучи кариера на модел, откако ќe заврши со спортот. 24-годишната Бушар даде интервју за колумбиското издание „Ел Тиемпо“ во пресрет на турнирот во Богота, за кој доби „вајлд карта“.

„Приоритет за мене во моментов е тенисот, бидејќи го сакам и ми се допаѓа. Знам дека имам и други можности, но со овој распоред е невозможно да се занимаваш со нешто различно од тенис. Фокусирана сум на целта да се вратам претходното ниво, а работата како модел ќе почека додека се повлечам“, прокоментира Канаѓанка.

Таа стана професионална тенисерка во 2009 година, а пет години подоцна ги доживеа нејзините најдобри месеци во тенисот. Таа прво стигна до полуфиналето на Австралија опен и Ролан Гарос, а на Вимблдон стигна до титулата.

2 4 ?

A post shared by Genie Bouchard (@geniebouchard) on

Слични содржини