BYD добредојден во Франција

од Vladimir Zorba
499 прегледи

Францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер, рече дека кинеската автомобилска индустрија и BYD се „добредојдени во Франција“.

Франција ќе го пречека кинескиот автомобилски гигант BYD доколку компанијата сака да изгради фабрика во „Земјата на галските петли“.

„Франција ги поздравува сите индустриски проекти. BYD и кинеската автомобилска индустрија се многу добредојдени“, рече Ле Мер на состанокот со директорите на автомобили во понеделникот.

Ле Мер ја наведе фабриката на Toyota во Франција како позитивен пример. Своите ставови ги искажа за време на посетата на кинескиот претседател Си Џингпинг на Париз.

Ова е прва посета на Си на Европа по пет години, во време на растечки деловни тензии и стравувања дека Кина може да ја преплави Европа со евтини кинески електрични возила.

Првата фабрика за патнички автомобили на BYD во Европа треба да започне со производство во Унгарија на почетокот на 2026 година. Фабриката ќе има почетен годишен капацитет од 150.000 автомобили, кој може да се зголеми на 300.000.

Кинеските производители се обидуваат да го зголемат пласманот во Европа, бидејќи Европската унија размислува за зголемување на сегашните 10 отсто царини за увоз од втората најнаселена земја во светот.

Во пракса, тоа би било казнена мерка, бидејќи ЕУ започна истрага за субвенции за кинески електрични возила, за кои до јули би можело да се воведат нови тарифи.

Chery Auto планира оваа година да започне со производство на автомобили Omoda во поранешната фабрика на Nissan во Барселона.

Leapmotor, кој е во 21 процент во сопственост на Stellantis, разгледува опции за производство на своите автомобили во една од европските погони на италијанско-американско-францускиот конгломерат.

Слични содржини