BYD Dolphin е прогласен за победник на Autobest 2024, европскиот избор за The Best Buy Car of Europe во 2024 година.
Со вкупно 20.057 поени, „делфинот“ заврши на првото место, пред второпласираниот Hyundai Kona, кој постигна само 344 поени помалку. Jeep Avenger го освои третото место.
BYD Dolphin привлече 25,88% од вкупните достапни поени во процесот на гласање, Hyundai Kona 25,44%, Jeep Avenger 24,68%, а Fiat 600 24,00%.
„Ова беше еден од најизбалансираните Autobest натпревари во последната деценија. Сите финалисти оваа година се покажаа како извонредни производи, со голема привлечност, бидејќи членовите на жирито темелно ги проверуваа сите модели при многу детални тестови. Но, на крајот, имаме победник, електричниот BYD Dolphin“, изјави Ден Варди, основач и претседател на организацијата Autobest.
Истото жири, кое собира претставници од 32 земји, ги објави и победниците во другите категории:
* Легендарниот Дејвид Ричардс е победник во категоријата „SPORTBEST 2024“
* Наградата „TECHNOBEST 2024“ ја добива CATL за батеријата Shenxing
* Системот Lotus Hyper OS е добитник на наградата „SMARTBEST 2024“.
* Наградата „ECOBEST 2024“ оди во рацете на новиот Citroen e-C3
* Наградата „SAFETYBEST 2024“ оди во Continental за извонредната Detectable Jacket јакна.