Најголемиот кинески производител на електрични автомобили „BYD“ има долг што изнесува 70 проценти од неговата вредност, а акциите на компанијата паднаа за повеќе од 12 проценти во последните две недели и изгубија околу 20 милијарди долари.
Главната причина е ценовната војна, пишуваат азиските медиуми, која трае веќе неколку години во најголемата азиска земја.
Ценовната војна се интензивира во последните месеци, а „BYD“, иако убедливо најуспешниот производител со дури 260.000 еколошки возила продадени во април во Кина, сè повеќе чувствува притисок од следбеници како што се „Geely“, „Xpeng“, „Cherry“ или „Lipmotors“, па затоа се обидува да ја зачува својата позиција со чести намалувања на цените, кои достигнуваат една третина од вредноста на автомобилот.