“Атмосферата околу украинскиот конфликт потсетува на она што се случило непосредно пред Втората светска војна”, изјави во Брисел пред полски новинари Збигњев Бжежински, пренесува Полското радио.

Поранешниот советник на американскиот претседател Џими Картер учествува на годишниот состанок на политичари, интелектуалци и претставници на големиот бизнис од целиот свет, организирана од германскиот “Фонд Маршал”.
На прашањето дали е можно да се преговара со Владимир Путин, Збигњев Бжежински одговори: “Не сум психолог, не знам што е во неговата глава. Можеме да видиме дека Путин е решителен човек, тој има грда мотивација да потсетува на времињата во пресрет на Втората светска војна. ”
Бжежински сподели и својата визија како да се реши конфликтот во источна Украина.
“Неопходно е да се користи истото решение кое оправда себеси во случајот со Финска по Втората светска војна. За прашањата на одбраната и безбедноста тие се неутрална држава, по прашањата на економијата и политиката – поврзани со Западот. Членство на Украина во НАТО – не, вооружување – да”.