Екс-судијката Маргарита Цаца Николовска потенцира дека судството се напаѓа постојано, а ништо не се презема во однос на редуцирање на овие напади.
-Судството се напаѓа цело време и не знам што се презема по однос на редуцирање на тие напади или на подобрување на квалитетот во работењето. Она што е најважно, треба да се презентираат и изнесуваат аргументи и за едното и за другото. Исто така, важно е да постојат елементи врз кои што ќе можат да се дадат одредени наводи, а тие наводи треба да доаѓаат од органите кои што се одговорни за оценување на работата на судиите, и обвинителите и се она што значи правораздавање, додаде Цаца Николовска.
Таа во изјава за „Локално“ потенцира дека платите на судиите и обвинителите треба да бидат на нивото на меѓународни стандарди, а за тоа дали квалитетно ја вршат работата, надлежен да каже е Судскиот совет.
Како што појаснува, за секоја судска постапка и за сите обвинителски активности постојат надлежни органи кои можат да дадат свои видувања и да ја оценуваат нивната работа.
Б.Т.