Цакај си поднесе неотповиклива оставка

од Vladimir Zorba
230 прегледи

Вршителот на должноста министер за Европа и надворешни работи на Албанија, Гент Цакај, поднесе неотповиклива оставка до премиерот Еди Рама, со непосреден ефект, пренесува Анадолија.

На својот Фејсбук профил, Цакај објави дека поднел неотповиклива оставка затоа што Албанија е на прагот на изборна кампања и тој нема намера да се кандидира за парламент.

„По успешното завршување на претседателството со ОБСЕ, отворањето на преговорите за пристапување во ЕУ, вонредната работа за обезбедување места во Советот за безбедност за периодот 2022-2023 година, спроведувањето на низа мерки за подигање на факторот без преседан на Албанците на Западен Балкан, и бидејќи Албанија е на прагот на предизборна кампања, каде што немам намера да се кандидирам за парламент, верувам дека заврши поглавјето на мојата служба на чело на албанската дипломатија“, рече Цакај.

Тој му се заблагодари на премиерот Рама за довербата и блиската соработка во „не толку лесните“ околности за Албанија.

Премиерот Рама исто така најави оставка на Цакај и објави дека на негово место е назначена министерката за одбрана Олта Чака.

Гент Цакај, Албанец од Косово, беше назначен за министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија на 23 јануари 2019 година, на местото на неговиот претходник Дитмир Бушати.

Слични содржини