Cardano, Solana, Polkadot: Кој алткоин би бил добро купување за празниците?

од Vladimir Zorba
269 прегледи

2021 година беше многу добра година за пазарот на алткоини, од порастот на токените DeFi преку растот на платформите за паметни договори до порастот на токените на метаверзумот и протоколите од втор слој.

Високо капитализираните алткоини како што се Solana, Cardano и Polkadot објавија високи годишни приноси на инвестицијата оваа година. Како резултат на тоа, имаше значително социјално внимание, како и поттик на малопродажбата. На оваа прилично плодна година (барем за некои парички) дојде крајот.

Се чини дека гореспоменатите висококапитализирани алткоини зазедоа надолна траекторија. DOT, ADA и SOL направија голема корекција откако BTC падна под 50.000 долари. Значи, со оние алткоини кои ги тестираат нивните пониски нивоа на поддршка, дали ова може да биде можност за „купување“ на крајот на годината?

Исто така, дали овие алткоини ќе бидат добра инвестиција за празничната сезона?

Во моментот на објавување, глобалната пазарна капитализација на криптовалутите е околу 2,2 трилиони долари.

На 14 декември, Bitcoin (BTC) падна на 45.600 долари, додека Solana (SOL) достигна 22,44% неделна загуба. Во истиот период, Polkadot падна за 10%, а Cardano за повеќе од 14%.

ADA, откако достигна ATH (највисоко ниво) од нешто повеќе од 3 долари на почетокот на септември, започна надолен тренд. Покрај тоа, алткоинот тестира долгорочна поддршка од 1,2 долари во моментот на пишување.

Цената на SOL, од друга страна, расте во поголемиот дел од годината. Криптовалутата скокна од 1,6 долари на 1 јануари на 166 долари во моментот на пишувањето. Сепак, SOL неодамна тестираше и помала поддршка на 151 долар.

Polkadot скокна за 390% од јули до ноември во услови на аукција со „пара-синџир“, достигнувајќи нов ATH од 55 долари. Но, DOT исто така влезе во надолен тренд и тестираше пониски 25,9 долари.

Па, оние алткоини кои сега тестираат пониска поддршка би можеле да направат враќање, особено како што се приближува сезоната на празници. Значи, дали ова создава добра можност за „купување на падот“?

Според ноемврискиот извештај за Crypto Compare, ЕТH беше најефикасното средство од најголемите криптовалути, со поврат од 7,9% за месецот. Следуваше SOL со 2,8%. Од друга страна, ADA забележа -39,19% и DOT -43,96% ROI (Return on investment – поврат на инвестиција) во однос на американскиот долар во последниот месец.

Особено, нестабилноста се зголеми за сите три алткоини. Solana и Polkadot забележаа годишни стандардни отстапувања на дневниот принос од 1,04 и 1,08. Додека нестабилноста на Cardano беше 0,98, таа нагло се зголеми од октомври. „Шарп коефициентот“ (Sharpe Ratio е мерка за тоа колку вишок приноси ќе добиете за дополнителна нестабилност што ја имате при поседувањето ризично средство – н.з.) на АDА бележи -4,4 и се пробија од најниското ниво од -5,7.

DOT и SOL, исто така, имаа ниски коефициенти, означувајќи -5,79 и -4,5, во моментот на пишување. Сепак, краткорочните надворешни катализатори, како што е настанот за лансирање на парачеин на Polkadot, би можеле да помогнат да се прекине цената ако алткоинот решително ја намали поддршката.

За Solana, имањето повеќе од 76% „стејкнати“ („Crypto staking“ вклучува „заклучување“ на дел од вашата криптовалута за одреден временски период како начин да се придонесе за блокчејн мрежата. Во замена, акционерите можат да заработат награди, обично во форма на дополнителни монети или токени – н.з.) токени го намалува циркулирачкото снабдување. Покрај тоа, во однос на развојните активности, Solana е лидер меѓу најдобрите крипто проекти.

Имајќи го ова на ум, трите алткоини се на клучни нивоа на цени во моментот на пишување. Движењето над или под овие нивоа може да ја нацрта нивната идна траекторија. Изгледите изгледаат посветли за DOT и SOL од ADA во однос на движењата на цените. Иако можат да направат добри празнични зделки, елементот на ризик поради повисоките „Шарп коефициенти“ не може да се игнорира.

Слични содржини