Царината заплени златен и сребрен накит на преминот Богородица вреден над 560.000 денари

од Илинка Илиоска
46 прегледи

Царинските службеници на граничниот премин Богородица запленија 110,2 грама златен накит и 1,7 килограми сребрен накит со вкупна вредност од 563.735 денари, откриени кај еден патник кој патувал на релација Истанбул-Гостивар.

Цариснката управа соопшти дека со ова е спречен обид за избегнување увозни давачки во износ од 148.308 денари. Против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.

Случајот е откриен на граничен премин Богородица кога царинските службеници поради сомнение, извршиле контрола на автобус и на патниците кои патувале со него.

По извршениот претрес, кај едно од лицата во џебот од неговиот елек и во патната торба беше пронајден златниот и сребрениот накит. Предметот е предаден на Секторот за контрола и истраги, при што преземени се понатамошни дејствија.

Слични содржини