Carlsberg AS постигна договор за преземање на британскиот производител на безалкохолни пијалоци Britvic Plc со понуда од 3,3 милијарди фунти (4,2 милијарди долари).
Данскиот производител на пиво нуди 1.315 пени по акција за да го прошири своето присуство на пазарот во Велика Британија и надвор од секторот на пиво. Управниот одбор на Britvic ја поддржува понудата, што претставува премија од 36 отсто во однос на цената на акцијата пред да се објави веста за интерес за преземање, пишува Блумберг.
Carlsberg веќе имаше дадено две претходни понуди – од 1.200 пени и 1.250 пени по акција – кои беа одбиени од бордот на Britvic.
Историјата на Britvic датира од 1930-тите. Денес таа е глобална организација со повеќе од 35 брендови, вклучувајќи ги J2O и Robinsons, продава во повеќе од 100 земји.
Обновената понуда на Carlsberg доаѓа откако PepsiCo Inc, која има договор за флаширање со двете фирми, се согласи да се откаже од клаузулата за промена на контролата во договорот со Britvic која потенцијално би можела да го попречи договорот.
Carlsberg рече дека нејзиниот интерес за Britvic е во согласност со стратегијата на компанијата објавена во февруари, која вклучува проширување надвор од пазарот на пиво.
Брендовите како Somersby ciders и Garage hard seltzers сочинуваат два отсто од неговото производство.