Српската ѕвезда на турбофолкот Цеца на нејзината официјална страница на Фејсбук ги измеша поприлично работите. Имено, најавувајќи ги своите концерти во пост означен како „Истакнат“, таа земјава еднаш ја ословува само како „МК“, а потоа „Северна Македонија“.
Најавувајќи го настапот во Крива Паланка в петок, 29 август, таа како до името на градот додава МК, а при најавата за концертот во Велес на 1 ноември, таа пишува „Велес, Северна Македонија“.
Инаку, интересно е за настапите во Никшиќ, Црна Гора; Цирих, Швајцарија; Палиќ, Србија, воопшто не ги наведува земјите.
Тоа го прави само за концертите во Македонија и за концертот во Велс, Австрија.