Цеца пеела на свадбата на синот на Мијалков, со една песна ги израдувала сите присутни (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
1,2K прегледи

Српската турбо-фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ неодамна настапила на свадба во земјава и ги воодушевила сите присутни.

Како што пишува српски „Телеграф“, станува збор за свадбата на синот на Сашо Мијалков, поранешниот шеф на македонската контраразузнавачка служба.

Се наведува дека Цеца ги отпеала своите најголеми хитови, но и песните на колегите, додека сите присутни најмногу ги воодушевила кога ја отпеала „Македонско девојче“.

Заедно со неа пееле и гостите, а според пишувањата на оваа свадба покрај Цеца пеел и најпознатиот руски рапер Тимати.

Слични содржини