392
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска полни 50 години, а роденденот ќе го прослави во кругот на семејството и најблиските пријатели, во нивниот семеен дом на Дедиње.
Цеца се откажа од големата прослава, која веќе беше планирана, поради трагичниот настан што ѝ се случи на нејзината ќерка Анастасија, кога го загуби бебето во петтиот месец од бременоста.
Меѓу колешките кои ѝ го честитаа роденденот се Дара Бубамара, Надица Адемов, Александра Младеновиќ и други кои ја тагнаа пејачката и ѝ честитаа преку социјалните мрежи.
Да потсетиме, во понеделник, на 12 јуни, во Белград допатуваа Анастасија и Немања Гудељ од Требиње за да бидат со Цеца на овој важен датум.