Движењето ЗНАМ ќе поднесе барање за прогласување на планината Беласица за заштитено подрачје

од Даниел Ѓорѓиевски
20 прегледи

Пратеникот Миле Цеков од  движењето ЗНАМ на собраниски прес објави дека ЗНАМ ќе достави иницијатива до Министерството за животна средина и владата на Република Северна Македонија за прогласување на планината Беласица за заштитно подрачје категорија 5, односно заштитен предел според законските одредби.

,,Планината Беласица, која се наоѓа на југо-источниот дел на земјата и припаѓа на три држави, веќе е прогласена за национален парк во Грција и за заштитено подрачје во Бугарија. Сепак, досега во Македонија не е пројавена политичка волја за нејзино заштитување” изјави Цеков.

Во прилог на иницијативата, ЗНАМ ќе достави и валоризирана студија од експерти поддржана од УНДП, која укажува на потребата од прогласување на планината за заштитено подрачје. Според Цеков, Беласица располага со значајно природно богатство и потенцијал за еко-туризам, а нејзината заштита би создала услови за развој на туризмот во Струмичкиот регион и спречување на нелегалната сеча на шумите.

Движењето ЗНАМ изрази уверување дека Владата ќе го прифати предлогот и ќе ја прогласи Беласица за заштитено подрачје, согласно законот за заштита на животната средина.

Слични содржини