ЦЕЛ СВЕТ СЕ ЗБОГУВА Почина легендарниот пејач!

од VIktor_P
2,4K прегледи

Легендарниот музичар од 1960-тите, Слај Стоун (Sly Stone), фронтмен на познатата група „Sly And The Family Stone“, почина на 82-годишна возраст.

Семејството на музичарот ја објави тажната вест денес, 9 јуни, објавувајќи дека Слај Стоун долго време страдал од хронична опструктивна белодробна болест и имал други здравствени проблеми.

Во соопштението на семејството се вели:

– Со длабока тага објавуваме дека нашиот сакан татко, Слај Стоун, почина. По долга борба со ХОББ и други здравствени состојби, Слај почина мирно опкружен со своите деца, најблиски пријатели и поширокото семејство. Иако тагуваме по неговата смрт, наоѓаме утеха во сознанието дека неговото извонредно музичко наследство ќе продолжи да ги инспирира идните генерации, се вели во него.

Бендот „Слај енд д Фемили Стоун“ се смета за еден од највлијателните во развојот на фанк, соул, Р&Б, и рок музика.

Слични содржини