„Целосно сме уништени“: Познатата петорка конечно се огласи во врска со смртта на Метју Пери

од Stefanija Kuzmanovska

Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер конечно се огласија по повод ненадејната смрт на Метју Пери за време на викендот.

„Сите сме целосно уништени поради загубата на Метју. Бевме повеќе од само актери. Ние сме семејство“, изјавиле тие за People, пренесува Daily Mail.

„Има толку многу да се каже, но сега ќе одвоиме време за да тагуваме и да ја процесираме оваа огромна загуба. Ќе кажеме повеќе со текот на времето, кога ќе можеме. Засега, нашите мисли и нашата љубов се со неговото семејство, неговите пријатели и сите што го сакаа ширум светот“, се вели во соопштението.

Метју Пери, познат по улогата на Чендлер во серијата „Пријатели“, беше пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес.

Слични содржини